Авиокомпанијата Чех ерлајнс се повлекува од Македонија. Чешката национална компанија, која од Скопје одржува редовни летови до Прага, од крајот на март ја укинува единствената линија од и кон земјава до Чешка. Вчера до затворањето на весникот од претставникот на Чех ерлајнс во Македонија не успеавме да добиеме одговор зошто чешкиот авиопревозник реши да си замине од земјава. Не добивме одговор ни од седиштето на компанијата во Прага дали авиопревозникот се повлекува само од Македонија или и од другите земји во нашето опкружување. Со повлекувањето на оваа авиокомпанија, македонските патници ќе останат без директна врска со аеродромот во Прага. Овој аеродром нашите патници најчесто го користат како попатна станица до другите европски и светски метрополи до кои нема директен лет од Скопје. Меѓу нив се Париз, Берлин, Kопенхаген, Осло, Стокхолм, Москва, Варшава, Барселона, но и Kаиро, Њујорк, Торонто, Тел Авив, Дамаск.
Авиокомпанијата Чех ерлајнс се повлекува од Македонија, дознава „Дневник“. Чешката национална компанија, која од Скопје одржува редовни летови до Прага, од крајот на март ја укинува единствената линија од и кон земјава до Чешка.
Вчера до затворањето на весникот од претставникот на Чех ерлајнс во Македонија не успеавме да добиеме одговор зошто чешкиот авиопревозник реши да си замине од земјава. Не добивме одговор ни од седиштето на компанијата во Прага дали авиопревозникот се повлекува само од Македонија или и од другите земји во нашето опкружување.
Со повлекувањето на оваа авиокомпанија, македонските патници ќе останат без директна врска со аеродромот во Прага. Овој аеродром нашите патници најчесто го користат како попатна станица до другите европски и светски метрополи до кои нема директен лет од Скопје. Меѓу нив се Париз, Берлин, Kопенхаген, Осло, Стокхолм, Москва, Варшава, Барселона, но и Kаиро, Њујорк, Торонто, Тел Авив, Дамаск.
Последните закажани летови на Чех ерлајнс од Скопје до Прага се на 22 март. По овој датум не може да се купи билет преку интернет. Објаснувањето што се добива на интернет страниците е дека после тој период не постојат летови од и кон Скопје.
Чешката авиокомпанија влезе во земјава во 2006 година. На почетокот имаше три летови неделно до Прага, додека последниве години компанијата леташе 6 пати во текот на неделата. Освен во Македонија, Чех ерлајнс во регионот е присутна и во Србија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Kосово, Албанија.
Повлекувањето на чешкиот авиопревозник доаѓа во период кога Владата носи закон за субвенционирање на авиокомпаниите кои ќе понудат нови дестинации и поевтини летови, а концесионерот на аеродромите, турски ТАВ, преговара со нови нискобуџетни компании. Чех ерлајнс заминува во време кога расте бројот на патници кои ги користат аеродромите во Скопје и во Охрид. Според податоците од Министерството за транспорт и врски, минатиот месец бројот на превезени патници на двата аеродрома пораснал за 17 отсто споредено со истиот период лани.